Амбасада на Република Северна Македонија во Естонија

Најнови вести

Средба на Исаки со директорот на Естонскиот центар за меѓународен развој - ЕСТДЕВ

Заменик министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, г-ѓа Фатмире Исаки оствари средба со директорот на Естонскиот центар за меѓународен развој ЕСТДЕВ, г-ѓа Кадри Масик и раководителот на Стратегијата за источно партнерство, г-ѓа Ева Мариа Лимец во истоимениот центар. На средбата беше нагласено задоволството од досегашниот развој на билатералните односи со Република Естонија иреафирмација на заложбите во претстојниот период да продолжи развојот на соработката меѓу двете земји. Во фокус на разговорот беше актуелната соработка со Центарот кој го имплементира Проектот за дигитализацијаво Република Северна Македонија преку имплементирањенамодернорешениезае-владеење, финансиран од Естонија и САД, како резултат на потпишаниот Меморандум за соработка изминатата година.  Директорот на естонскиот центар ја реафирмира подготвеноста за продолжување  соработката и продлабочување на истата во сферата на дигитализацијата со цел јакнење на капацитетите на македонските институти и општеството. Заблагодарувајќи се на естонската поддршка на нашиот евро-интегративен пат, заменик министерот Исаки порача дека Северна Македонија останува посветена на реформските процеси во насока на постигнување што е можно повисоко на подготвеност за пристапните преговори со ЕУ. Воедно, беа разменети мислења и за актуелни теми од меѓународните односи, состојбите во Украина и претстојното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ следната година.  

                                               Скопје, 21 септември 2022

Средба Османи- Реинсалу

На маргините на 77-мото Генерално собрание на Обединетите нации, министерот за надворешни работи Бујар Османи, оствари средба со својот колега од Република Естонија, Урмас Реинсалy. Во светло на промените во европската безбедност и севкупните последици предизвикани од руската агресија врз Украина, соговорниците разменија мислења за продлабочување на сојузништвото во рамките на НАТО и зајакнувањето на Источното крило на Алијансата. Воедно, министерот Османи кратко го брифираше својот хомолог за отпочнатите преговори со Европската Унија и идните чекори, апострофирајќи ја високата подготвеност на земјата за успешен и брз преговарачки процес.  На средбата беше изразено задоволство од динамизираниот тренд на билатералните односи меѓу двете земји и беа реафирмирани заложбите во претстојниот период да продолжи развојот на соработката во сите сфери од заеднички интерес. Министерот Османи ја подвлече важноста и потребата за користење на естонското искуство, особено во сферата на дигитализација за нашето општество.    

                              Њу Јорк, 19 септември 2022

Министерот Османи ја претстави МКартата, наменета за наши истакнати личности во странство

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес на конференција за новинари го претстави проектот МКАРТА, наменета за поединци со потекло од Република Северна Македонија, како симболично признание за нивниот несебичен ангажман во насока на промоција на државата надвор од нејзините граници. МКартата претставува признание и потврда за истакнати личности или поединци од земјата кои живеат во странство, а кои со својата работа и професионалност покажале истакнат успех, а со тоа и вистинска промоција на Северна Македонија во странство, нагласи Османи. „Како нивна родна земја сакаме да им изразиме благодарност, би рекол на симболичен начин - да им вратиме, да им ја компензираме нивната улога на промотори на земјава, преставувајќи не како земја од која доаѓаат успешни и квалитетни луѓе“,  додаде тој. „Во еден подолг минат период, голем број луѓе не само што ја имаат напуштено земјата, туку и имаат остварен посебен истакната професионален и општествен успех таму каде што се наоѓаат. Тоа се успешни доктори, научници, бизнисмени, културни работници итн., кои сакаме да ги привлечеме кон земјава, да им ја зајакнеме врската и да создадеме потенцијал за нивно поблиско вклучување во нашите општествени текови„, истакна Османи. Идејата е таквите поединци да бидат дел од една поширока мрежа која подлабоко би била вклучена во општествените текови во државата. Целиот процес поврзан со МКартата ќе го координира Министерството за надворешни работи. Со картата ќе се добијат и одредени бенефиции, како слободен влез на културни настани, музеи и галерии, би се добило предност при аплицирање за проекти во рамките на програмите за соработка на Министерството за надворешни работи со поединци и здруженија надвор од Северна Македонија, олеснето регулирање на престој во државата и поддршка во случај на нови бизниси кои се ствараат и слично. Во соработка со други Владини ресори, се работи на проширување на листата на погодности. Планирано е детектирањето на таквите личности да го започнат дипломатско-конзуларните претставништва на Северна Македонија во странство, а доделувањето ќе се реализира во строго предвидена процедура водена во рамките на Министерството за надворешни работи.

Туристички дестинации

Баба Планина, Битола

Охридско езеро, Охрид

Дојранско езеро, Дојран